Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска во просториите на Општина Чаир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска во просториите на Општина Чаир прими делегација на Арберешите од Вакарици, предводена од градоначалникот Антонио Помило, во рамки на нивната прва посета на земјава.

На средбата, информираат од општина Чаир, се разговараше за историските, јазичните и културните врски со Арберешите, како и за можностите овие врски да се унапредат преку институционална соработка. Во таа насока, беше разгледана можноста за збратимување на Чаир и Вакарици, како и за организирање заеднички културни активности и иницијативи меѓу двете општини.

-Со Арберешите нè поврзуваат долга историја, јазикот и наследството што тие го зачувале низ генерациите. Денес сакаме на овие врски да им дадеме и нова димензија преку соработката меѓу нашите општини. Верувам дека оваа посета е добар почеток кон збратимување и соработка која ќе продолжи со конкретни иницијативи и заеднички проекти меѓу Чаир и Вакарици- изјави Меџити.