Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Меџити: Во Чаршија, меѓу граѓаните, нашата сила доаѓа од народот

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска прошета низ Старата скопска чаршија и се сретна со многу бројни граѓани, како што вели, во срцето на историскиот дел од Скопје, соопштуваат од ВЛЕН, а нивниото соопштение.

При прошетката низ улиците на Чаршијата, осветлени од есенското сонце и исполнети со ехото на гласовите на трговците, Меџити се поздрави со многу граѓани, разменувајќи топли зборови и ракувања.

„Секое поздравување, секое стегање рака, ме потсетува дека нашата сила доаѓа од луѓето, од нивната доверба и од нашата посветеност за чесно владеење“, изјави Меџити по средбите.

Реклама

Тој ја нагласи важноста на секојдневното присуство меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните грижи и надежи, како дел од неговата заложба за праведно и ранспарентно управување со Чаир.

Денешната посета на Чаршијата претставува уште една потврда за силната врска на Меџити со граѓаните и бизнисите во овој дел од градот, како и за големата поддршка што ја ужива во пресрет на локалните избори.