Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Меџити: СДСМ и ДУИ синхронизирано лажат и измислуваат непостоечки скандал

Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал.

Прво, како што рече, вакви тврдења имаше од ДУИ, а сега за жал СДСМ оди по нивна памет и се гледа дека се синхронизирани во нападите.

Меџити рече дека првин се зборувало за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога виделе дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството, излегуваат со второ обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат.

Реклама

„Се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Тоа е пракса воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година. Редица министри од нивните редови“, рече Меџити.

СДСМ претходно денес во Владата му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити. Портпаролката на СДСМ, Кузеска изјави дека наводно било јасно дека во документите  јасно е наведено дека Меџити ги пречекорил своите овластувања лично потпишувајќи ги сите предмети, констатирал Државниот управен нспекторат.