Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Меџити против Османи: Се очекува битка на тешкаши во трката за градоначалник на општина Чаир

Меџити против Османи – битка на тешкаши во Чаир. Откако екс-министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меџити против Османи – битка на тешкаши во Чаир. Откако екс-министерот за надворешни работи и еден од повисоките функционери на ДУИ ја официјализираше својата кандидатура за оваа општина, се поголеми се шансите таму како противкандидат од „Влен“ да му се спротивстави Изет Меџити, еден од лидерите на оваа коалиција.

Имено, актуелниот вицепремиер Меџити не ја исклучува можноста тој лично да му застане на пат на Османи, но вели дека прво ќе почекаат што велат анкетите за тоа кој каде да оди, така што во игра останува и актуелниот градоначалник Висар Ганиу. „Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи – и ние ќе одговориме со иста ‘артилерија’“, изјави Меџити.

Во исто време, тој ја обвини актуелната градоначалничка на Скопје, Арсовска, дека работи во полза на Османи. „Знам зошто ДУИ не реагираат за дивоградбите, бидејќи и посочениот кандидат и екс министер Бујар Османи живее во дивоградба и затоа не може тој да зборува за дивоградбите, нема морална можност за тоа, туку се кријат зад Данела, да ја искористат во текот на кампањата“, посочи Меџити.

Реклама

Интересно е што, за разлика од сите досегашни избори, главната битка меѓу двата главни ривали во албанскиот политички блок не е за Тетово или Гостивар, туку за скопски Чаир.