Реклама

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Македонија

Меџити: Отпадот веќе не го гледаме како товар, туку како ресурс со економски потенцијал

Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената на зелената енергија и дигиталните алатки, се од суштинско значење за креирање одржлива иднина, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“.

Владата, напомена Меџити, останува цврсто посветена на воспоставување одржлив регионален систем за управување со отпад, развој на циркуларна економија преку селекција, рециклирање и повторно искористување на секундарните суровини.

-Целта е значително да се намали количеството отпад што завршува на депониите, а вредните материјали да се вратат во производството, напомена министерот.

Реклама

Според него, одржливото управување со отпадот и циркуларната економија се сериозен предизвик во време на интензивни климатски промени.

-Одлуките што денес ги носиме ќе го обликуваат животот на генерациите што доаѓаат. Отпадот веќе не го гледаме како товар, туку како ресурс со економски потенцијал. Со правилно управување можеме да создадеме вредност, работни места и чиста животна средина, подвлече Меџити.

Тој најави дека наскоро ќе почне изградбата на првата стандардизирана регионална депонија во земјата, процес во кој, рече, клучна ќе биде меѓуопштинската соработка. Истовремено, додаде, се работи и на расчистување на дивите депонии, а целта е “Македонија без ѓубришта”.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA), а учесниците денеска и утре ќе зборуваат за современите принципи за управување со отпадот, за различните искуства та, предизвиците, но и најдобрите решенија.

Како што беше речено, бизнисот, Владата, граѓанскиот сектор и медиумите се подготвени да соработуваат за почиста Македонија.