Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Меџити: Нема преговори во однос на химната и грбот, но нема ни табу теми

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.

„Во фокус ни е владината програма каде што има утврдени столбови, нема преговори во однос на химната, грбот, но нема ни табу теми, значи разговараме. Политички договор има за Владината програма која што има утврдени столбови како што се економскиот развој, живиотниот стандард, ЕУ-интеграцијата, враќање на правната држава, децентрализацијата, се секојдневно во нашиот фокус и целосно сме посветени на овие столбови. За другото нема преговарање, нема политички договор, но како Влада се што е во интерес на граѓаните и државата, разговараме, дебатираме, про и контра, тоа е на ниво на разговори, нема табу теми…Не сакам да навлегувам во нешто за што нема преговори, нема политички договор. Не криеме ништо“, вели Меџити.

На прашањето дали има проблеми во коалицијата по однос на прашањето околу грбот и химната поради различни ставови на партнерите во власта, тој рече дека има една Влада, но не се едно и оти Владата има демократски и политичлки капацитет да изнајде решенија на маса на база на аргументи.

Реклама

Во однос на тоа дали со владиниот партнер разговараат за тоа кој ќе биде нов државен обвинител, вицепремиерот Меџити рече дека во принцип не зборуваат за име туку дека тоа треба да биде професионалец кој треба да ја врати довербата на граѓаните во правосудството.

Тој потврди и дека доколку Министерството за правда го изготви предлогот за разрешување на актуелниот државен обвинител на кој забрзано се работи, тој ќе се најде на следната владина седница.

Во однос на тоа дали имаат коалициски договор за поддршка за претстојните локални избори со партнерите во Владата, Меџити одговори дека отсекогаш владините партнери се поддржувале.

„Од плурализмот па наваму, секогаш владините партнери се поддржувале по потреби. Истото ќе го има и на овие избори“, рече Меџити.

Во однос на тоа до каде е изработката на законот за правична застапеност и кога може да се очекува во Собрание одговори дека се ри крај, но не прецизираше датуми.

„При крај сме, нема да нагаѓаме денови. Се очекува последниот состанок, да се форматира Предлог законот и ќе бидете известени“, вели Меџити, на новинарско прашање пред обраќањето на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Македонија“.

(МИА)