Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Меџити не ја исклучува опцијата да биде кандидат за градоначалник на Чаир

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за животна средина и еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ Изет Меџити не ја исклучува можноста тој да биде кандидат за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори во октомври.

-Како ВРЕДИ деновиве очекуваме резултати од анкети од професионални агенции и тие ќе ни дадат ориентација кој каде ќе биде, но не го исклучувам и тоа како опција, изјави вечерва Меџити во интервју за ТВ Канал 5.

Опозициската ДУИ попладнево потврди дека поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник на Чаир. Меџити во интервјуто кажа дека ако ДУИ навистина излезе со Османи како кандидат дека и тие „ќе одговорат со иста артилерија“.

Реклама

– Ако ДУИ оди со потпретседател и со членови кои биле кандидат за претседател на државата, министер за надворешни работи и ние ќе одговориме со иста „артилерија“, изјави Меџити.

За тоа што ВРЕДИ ќе им понуди на граѓаните од скопската општина Чаир, тој рече дека граѓаните гледаат дека Ахмети и ДУИ се даваат бидејќи немаат луѓе кои ќе трчаат на овие локални избори.

– Од 15 општини кои се со мнозинско албанско население пред да почне трката седум-осум од нив ги даде на алијансите. ДУИ ќе се натпреваруваат само во седум општини, но мислам дека во сегашниве околности каде ДУИ раководи со 11-12 општини во најдобар случај може да смета само на седум општини. Исто така се даваат на овие локални избори, се даваат само да си ја спасат кожата. Ние будно ќе ги следиме овие околности и случувања и ќе одговориме соодветно, рече Меџити.

За актуелниот градоначалник на Чаир Висар Ганиу и нападите од актуелната градоначалничка Данела Арсовска, тој кажа дека се чекаат резултатите од анкетите, како и дека ги очекува официјалните информации од ДУИ кои ќе бидат нивните кандидати.

Тој ја обвини Арсовска дека не се занимава со градот Скопје туку само со општината Чаир, како и дека инцидентот во кој таа беше нападната бил поврзан со ДУИ. Ако сме до дивоградбите и кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир Бујар Османи, како што кажа тој, живее во дивоградба и затоа „не може да зборува за дивоградбите“, туку се скриени зад градоначалничката на Скопје за да ја искористат за време на кампањата.

Како министер за животна средина, запрашан за хигиената во Скопје, каде деновиве се одржува Европски младински олимписки фестивал, Меџити кажа дека тоа се ингеренции на Градот Скопје. Тој зборуваше и за владината поддршка за регионалните депонии.