Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Меџити на средба со СКСЗМ: Партнерството меѓу општините и бизнис секторот е клучот за економски развој

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир и еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, учествуваше на состанокот организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) со лидерите на коалицијата ВРЕДИ и кандидатите на оваа коалиција за градоначалници, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Во своето обраќање, Меџити ја истакна важноста на тесната соработка меѓу општините, Владата и бизнис-секторот, како предуслов за одржлив економски развој во општините со мнозинско албанско население. Тој потсети дека изминатите денови се одржа и посебна средба за зоната Визбегово, која според него заслужува поголемо институционално внимание поради нејзиниот голем економски придонес.

“Визбегово е зона која дава најмногу и ја полни државната каса преку даноците што ги плаќаат компаниите и илјадниците работници кои работат таму. Оваа зона има потреба од соодветна инфраструктура, реконструкција на улиците “Хасан Приштина“ и “Качанички пат“, кои треба да бидат во функција на економските претпријатија. Потребна е соработка меѓу
околните општини, Владата и нов градоначалник на Град Скопје кој ќе ја разбере важноста на локалниот економски развој“, нагласи Меџити.

Реклама

Тој додаде дека средбата со Стопанската комора на Северозападна Македонија служи за усогласување на ставовите и создавање долгорочно партнерство меѓу локалните институции и бизнис заедницата.

“Како коалиција ВРЕДИ дојдовме со почит, сите лидери и кандидати со свои идеи и програми. Се договоривме по изборите да се одржи уште една средба со избраните кандидати за дополнително усогласување на ставовите, иако, всушност, немаме многу што да усогласуваме, бидејќи Комората го поддржува процесот на децентрализација и идејата буџетските средства да
се користат за економски, а не за неекономски проекти“, изјави Меџити.

На крајот, Меџити нагласи дека ова партнерство претставува и “инфузија“ за локалните мали и средни компании кои делуваат во своите општини, како и можност за унапредување на дигитализацијата, туризмот и развојот на економските зони во Сарај, Тетово, Струга и пошироко.

“Платформата на ВРЕДИ е во иста линија со онаа на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Идејата е и по изборите да продолжиме со продлабочување на оваа соработка, затоа што тоа е во заеднички интерес на општините и бизнис секторот“, потенцираше Меџити.