Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Меџити: Многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИ

Додека лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари беше дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека лидерот на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари беше дел од коалицијата „Влен“ немаше логика да соработува со Демократската унија за интеграција. Во моментот кога одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што така се губи смислата на промената, и на тоа кој е позиција, а кој опозиција, изјави вечерва еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Изет Меџити.

Според Меџити, многу јасно и видливо е дека Таравари е веќе дел од ДУИ.

– Во моментот кога Таравари одлучи да соработува со Демократската унија за интеграција, не може да има соработка со „Влен“, затоа што тогаш се губи смислата и на промената и на тоа кој е позиција а кој опозиција. Тој тоа треба да им го објасни на гласачите, но мислам дека всушност станува збор за обид да го смири членството, да „замаглува“ дека може да оди сам или може да соработува со „Влен“. Многу јасно и видливо е дека тој е веќе дел од ДУИ, изјави Меџити пред почетокот на состанокот на Централното претседателство на „Влен“, прашан за коментар во врска со најавата на Тараври дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Влен“.

Реклама

Меџити потенцира дека во албанскиот кампус веќе нема други чинители, туку има само два блока – „Влен“ и Демократската Унија за Интеграција.

-Таравари избра да оди со ДУИ. Нека му е со среќа, ќе се соочиме на локалните избори во октомври, додаде Меџити.

Прашан дали со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за заеднички настап на претстојните локални избори, Меџити одговори дека ќе си помагаат, но сепак ќе имаат свои кандидати за градоначалници.

-Историски од 90-тата до сега, секогаш бил принципот тие што владеат да си помагаат заедно на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои кандидати за градоначалници и „Влен“ ќе има свои кандидати за градоначалници. Свои листи за советници ќе имаат и едните и другите, но ќе си помагаме каде што ќе има потреба.Во вториот круг ние ќе имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со други политички партии, кои што се дел од власта од помалите заедници, рече Меџити.

На новинарско прашање како ги коментира дивоградбите во Чаир, Меџити одговори дека постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а проблемот не постои од денес.

-Во однос на дивоградбите, ние имаме список на бројки. Постојат над 500 илјади дивоградби на ниво на државата, а Чаир е на средина на тој список. Треба да видиме како е во општините на ДУИ, да видиме како е во Сарај. Тој проблем не е од денес. Неколку пати е донесен законот за легализација на објекти, не може проблемот да се посочи само во Чаир, рече Меџити.

Тој напомена дека најголемиот проблем е хигиената во Чаир. Како што рече, и покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, хигиената во градот Скопје и во Чаир е на најлошо историско ниво.

-И покрај тоа што граѓаните плаќаат комунална такса, се соочуваат со нехигиена која што загрозува и здравјето и амбиентот. Градоначалникот не излезе да критикува или да води кампања, туку ангажираше приватна компанија затоа што јавното претпријатие не го собира сметот, а има законска обврска да го собере. Приватната компанија само требаше да излезе во пресрет на градот Скопје и на граѓаните, рече Меџити.