Реклама
Македонија

Меџити ќе присуствува на настанот по повод финализирањето на проектот „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска ќе присустува на настанот по повод финализирањето на проектот „Регулација на дел од ободен канал во Арачиново“, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, проектот е целосно финансиран од МЖСПП.

Неговата вредност изнесува 63,9 милиони денари и опфаќа регулација на дел од каналот кој обезбедува заштита од поплави за над 12.600 жители во Арачиново и поширокиот регион.