Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денесka одблизу ги проследи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти Општина Чаир.
Како што додаваат оттаму, досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци.
-Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани – изјавил Меџити.

Од прес-службата на Општината наведуваат дека во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница.
