Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Меѓународниот Аеродром Скопје – апсолутен лидер во регионот со актуелната понуда

Меѓународниот Аеродром во Скопје е апсолутен лидер во регионот по раст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот Аеродром во Скопје е апсолутен лидер во регионот по раст на понудени места – покажува најновата анализа на веб порталот за авиосообраќај, exyuaviation. Анализата покажува дека за првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром ќе понуди 316.000 повеќе седишта споредено со истиот период од 2025 година – со што се наоѓа на врвот на регионалната листа.

Во директна споредба со најголемите аеродроми во регионот – разликата е јасна. Белград бележи раст од 267 илјади патни седишта, што е речиси 50 илјади помалку од Скопје, додека Загреб има зголемување од 68 илјади седишта, што е неколку кратно помал раст во однос на скопскиот аеродром. Зад нив остануваат и аеродромите во Сараево и Љубљана, со значително понизок пораст на понудениот капацитет.

Според министерот за транспорт Александар Николоски, ова е уште еден показател за одличните политики на Владата кои преку Министерството за транспорт се реализираат во насока на силен развој на авиосообраќајот во земјата.

Реклама

„Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која држава ги реализирала. Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200 илјади патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300 илјади патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3,5 милиони патници“ вели Александар Николоски, министер за транспорт

Овие бројки се соовпаѓаат со зголемената активност на македонските аеродроми во изминатиот период. Во текот на една година воведени се 21 нова авиодестинација од скопскиот и охридскиот ародром, што директно влијае врз зголемување на бројот на патници и развој на цивилниот авиосообраќај.

Пред само два дена, на Меѓународниот Аеродром Скопје беше одбележан и три милионитиот патник, што дополнително го потврдува интензивниот раст на авиосообраќајот.

Со најголемиот раст на понудени седишта во регионот досега, пред Белград и Загреб – Меѓународниот Аеродром во Скопје ја зацврстува својата позиција како водечка авиосообраќајна точка во регионот.

Давид Крстевски