Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Меѓународна атлетска трка во Скопје

Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот.

Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот.

– Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар „Илинденска“ и дел од булевар „Партизански одреди“. Со над 2.000 пријавени учесници од 16 земји, овогодинешното издание се очекува да биде едно од најмасовните и најдинамични досега. „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ е сертифицирана од AIMS (Association of International Marathons and Distance Races), што ја потврдува нејзината организациска и натпреварувачка вредност. Токму овој сертификат ја позиционира трката како релевантен меѓународен спортски настан, што привлекува подготвени и искусни атлетичари од регионот и пошироко – пишува во соопштението.

Реклама

Од Сојузот на спортови на Скопје преку пишана изјава наведуваат дека од година во година се гледа како трката расте и добива сè посилен меѓународен карактер.

– За нас е особено важно што „HalkEco Skopje Run 10К“ успева да го задржи спортскиот и натпреварувачкиот дух, а истовремено да создаде атмосфера што го обединува целиот град – додаваат од Сојузот.

Покрај спортскиот дел, како што е најавено, настанот и оваа година ќе понуди дополнителни активности за учесниците и посетителите.

– По завршувањето на трката ќе биде организирана зона за дружење и забава со музичка програма и DJ-сетови, а долж трасата ќе има повеќе музички точки што ќе создаваат дополнителна енергија за тркачите. Во рамки на настанот ќе биде поставен и „eCrowd“-пункт, каде учесниците и посетителите ќе имаат можност, доколку сакаат, доброволно да донираат средства за оние на кои им е најпотребна помош. Иницијативата „Срце чиста 10ка“ има цел да додаде дополнителна општествена вредност на настанот, без да се наруши неговиот спортски карактер. Организатор на „HalkEco Skopje Run 10К“ е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетските клубови Скопски маратон и Работнички, со поддршка од Министерството за внатрешни работи. Насловен спонзор на трката е „HalkBank“, а покровители се Министерството за спорт и Град Скопје, заедно со бројни партнери и поддржувачи – се додава во соопштението.