Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

МБА основа фондација за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Македонската банкарска асоцијација основаше фондација „Заедно за едно“ за поддршка на повредените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската банкарска асоцијација основаше фондација „Заедно за едно“ за поддршка на повредените и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани. Целта на основањето на фондацијата е континуирана помош, а средствата кои ќе бидат собрани преку донации ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.

„Нема зборови што можат да ја утешат тагата на оние што загубија свој најмил, нема доволно дела што можат да ја ублажат болката. Но, она што можеме да направиме е да помогнеме и да покажеме дека не се сами, и сега и во иднина“, изјави Маја Стевкова Штериева, претседател на Македонската банкарска асоцијација.