Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Матичните лекари на протест – порачаа „Доста е!“

Матичните доктори на мирен протест. Незадоволни од игнорантскиот однос на власта излегоа…

Сподели:

Матичните доктори на мирен протест. Незадоволни од игнорантскиот однос на власта излегоа пред своите ординации и порачаа „Доста е!“

Паузата за ручек од половина час матичните доктори ја искористија да го изразат својот револт од како што велат скандалозниот игнорантски однос на надлежните. Облечени во заштитна опрема и маски, докторите преку денешниот молк испратија моќна порака, оти без нивната грижа за пациентите здравствениот систем веднаш ќе колабира. Велат, своите барања јавно ќе ги кажат веднаш по формирањето на новите државни институции.

Протестот велат е симболичен – во време на молк, со молчење да испратат порака оти тие се клучната алка во борбата со корона вирусот, но сепак останаа заборавени.

Реклама

Докторите кои четири месеци сами се снаоѓаа за заштитна опрема и маски, бараат итна помош од државата. Велат неопходно е нивни претставник да влезе во Комисијата за заразни болести, но и можност да упатуваат пациенти на тестирање според нивна проценка, а не по комплицираниот алгоритам.

Aлармираат оти бројот на матични доктори се тенчи, многумина велат се пред пензионирање, а младите медицинари биле незаинтересирани да ги преземат ординациите, оти гледале како нивните постари колеги се соочуваат со низа проблеми. Затоа бараат, ангажирање на помлади колеги кои би можеле веднаш да се вклучат во системот.

Биљана Божиновска