Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Матичните лекари бараат ургентна измена на протоколите за лекување од Ковид, кои не се променeти од февруари

„Лекувањето по телефон не е лекување. Тоа е преголема одговорност за здравјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Лекувањето по телефон не е лекување. Тоа е преголема одговорност за здравјето и животот на пациентите“. Со овие зборови, својот глас го креваат и матичните лекари и од МЗ бараат ургентна измена на протоколите за лекување од Ковид кои не биле променети уште од почетокот на пандемијата. Тие инсистираат на нови напатствија според кои пациентите ќе се лекуваат со непосреден преглед, иако некои од матичните лекари, на своја рака, ова го правеле и досега.

     „Ние немаме добиено нови насоки како да постапуваме со пациентите кои што се болни со Корона или со симптоми на Корона, а кои што бараат помош од нас. Ние знаеме колку е ризична нашата професија и ние сега, во овој момент, мора да си ги прегледуваме пациентите…Не може да избегаме и да не ги прегледуваме пациентите, а досега од МЗ, ние немаме насоки како да постапуваме. Чекаме насоки, но не само како да постапуваме, туку и како да ги лекуваме нашите пациенти“, – децидна е д-р Нора Димшоска – Тасеска – претседателка на Здружението на приватни лекари од Прилеп.

       Во отсуство на нови напатствија од МЗ, матичните лекари, сега, сами се организираат, како би биле поефективни во пружањето соодветна здравствена помош на своите пациенти.

Реклама

      „Вчера, на добра волја на инфектолозите и на наше барање, тие ни дадоа протоколи како ние да постапуваме со нашите пациенти: кои се ниско-ризични, кои се високо, кои се средно-ризични пациенти и како ние да знаеме да одредиме. Бидејќи видете, ова е нова болестМногу тешко е да се води телефонски болен пациент, верувајте ми. Многу голема одговорност е…Сега, во овој случај, секој постапува по свое лично видување…но, јас сега ги ставам во опасност и пациентите кои чекаат за нешто друго, оти не се во моментов само од Ковид болни пациенти..значи, ние бараме препораки – што понатаму и како да постапуваме“ –  вели д-р Тасеска.

      Според д-р Тасеска, во моментов 64-цата матични лекари од Прилеп, домашно лекување водат на над 450 пациенти, кои се или веќе заразени, или пак имаат симптоми на Корона. Без нови, соодветни напатствија, проблемот ќе станува уште посериозен, бидејќи и бројот на новозаразени постојано расте, укажува д-р Тасеска.

Каролина Дурло