Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во изјава за медиумите по средбата со Матарела, претседателката нагласи дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги реафирмирале заложбите за реинтеграција на Западен Балкан во ЕУ.

– Тој веќе разговарал со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како наш пријател туку и како голем пријател на Западниот Балкан рече дека ЕУ не смее да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања или на билатерализација врзана за идентитетски прашања. Очекува, и јас очекувам, да дојде до разговори со нашите соседи за да видеме кое можеби е најдоброто решение, рече Сиљановска – Давкова.

Реклама

Таа на средбата со Матарела повторно ги реафирмирала нашите заложби за гаранции, бидејќи како што наведе „ако биде уште една од промените на кои укажува ЕУ, тогаш не само што нема ништо да добиеме ние, туку нема ништо да добие ни Балканот, бидејќи приказната за ветото и за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори“.

– И папата и претседателот на Италија велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека на тој пат нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ на кој јас повторно потсетив бидејќи ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница, но исто така и на потребата да седнеме културно со соседите во случајов со Бугарија и да го решиме проблемот, изјави Сиљановска Давкова.

Претседателката претходно денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14.