Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Масти и масла го отежнуваат процесот на прочистување на отпадните води во Куманово

Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово.  – Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово. 

– Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги запушуваат цевководите, особено кога се мешаат со песок и формираат наслаги, што предизвикува потешкотии во функционирањето на системот- изјави м-р по технички науки од пречистителна станица Куманово, Габриела Белчевска.

Таа објаснува дека мастите и маслата се издвојуваат на површината и се испумпуваат надвор од отпадната вода, по што водата продолжува во биолошкиот процес на прочистување. Но, доколку концентрацијата е поголема, настануваат проблеми во процесот на растворање на кислородот, што директно влијае врз микроорганизмите кои се клучни за прочистувањето.

Реклама

– Микроорганизмите немаат доволно кислород и не можат да се хранат со азот, фосфор и јаглерод, поради што изумираат. Тоа негативно влијае врз целиот процес на прочистување – вели Белчевска.

Дополнителен проблем, како што вели Белчевска, претставуваат отпадните води од рестораните и индустриските капацитети, кои треба да имаат сопствен предтретман за масти и масла пред испуштање во канализацијата.

– Институциите треба да преземат законски мерки за да се спречи исфрлањето на масти и масла од рестораните и индустриските капацитети, со цел да се заштити живиот свет и животната средина“ – додава Белчевска.

Во државата сѐ уште нема доволно пунктови за собирање отпадно масло, но граѓаните можат да го собираат во пластични шишиња или буриња и соодветно да го одлагаат. Белчевска потсетува дека отпадното масло може и да се рециклира и да се користи за производство на биодизел и други производи. Освен мастите и маслата, сериозни проблеми во системот создаваат и влажните марамици, текстилните материјали и песокот кои завршуваат во канализацијата.

-Апелираме граѓаните совесно да се однесуваат и да не фрлаат масти, масла и влажни марамици во одводите и тоалетите, бидејќи тоа директно влијае врз работата на пречистителната станица и врз заштитата на животната средина – порача Белчевска.