Учениците се’ помалубројни,училишните клупи се празнат, паралелките се укинуваат-ваква е сликата во сите училишта низ државава. Повеќе од деценија се намалува бројот на ученци кои се запишуваат во основите и средните училишта.Намалениот наталитет и иселувањето на цели семејства ја празнат Македонија. Од 2011 година наваму бројот на граѓани кои заминуваат постојано расте. Податоците покажуваат дека семејства со деца на возраст до 10 години најмасовно заминуваат од Македонија. Но,посебно загрижува осипот на ученици и во гимназиите, тренд кој е актуелен последниве 3 години.Официјалните бројки на ученици кои се испишале не се релеватни,вели директорката на струшката гимназија “Ибрахим Темо ” бидејќи има родители чии деца едноставно престанале да доаѓаат на училиште,без никаква најава или известување.
“Секако ова е болка која не тангира сите нас, почнувајќи од нас како родители затоа што инвестираме во нашите деца,а после завршување децата ни заминуваат.Не знаеме што е причината, што е сменето кај младите што ги тера и тие што имаат услови ја напуштаат земјата и си заминуваат” –вели Бесиме Јонузи,директор на гиманзијата “Ибрахим Темо”
Желбата за повисок стадард и подобра работа ги тера младите да заминат,но со бројни проблеми се соочува и образованието.Лани министерството за образование спроведе кампања “Учи паметно, работи стручно ”,фаворизирајќи го дуалното образование што нанесе голема штета на гимназиското образование.

“Ги подготвуваме каде понатака да се доусовршуваат да бидат идни академски граѓани и да бидат корисни за општеството, а во дуланото има еден друг сегмент,произведуваат кадри кои што ќе бидат на едно ниво кое сега во моментов е потребно за новите инвеститори.Знаеме кои инвестиции влегоа во Македонија за да им бидат при рака нив.Или пак как што нивните родители ги насочуваат да ја напушат државата за жал”-вели Светлана Велкоска,директор на гимназијата “Св.Климент Охридски”-Охрид
Велковска опфати уште еден за нив горлив проблем а тоа се наставните планови и програми по кои учат учениците,а датираат од 2001-ва.Што значи 23 години не се направени реформи на наставните планови и реформи,чекор кој со смената на власта ќе го направи министерството за образование.
Новинар Росица Голабоска
