Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Масовно се купуваат ПП апарати за во станбени, угостителски и други објекти: Чинат од 2.500 до 6.000 денари

За противпожарни апарати се чека и до една недела, а нивната цена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За противпожарни апарати се чека и до една недела, а нивната цена почна да расте. За 10-тина дена, компаниите кои ги увезуваат, продале противпожарна опрема како за цела година. Најмногу се бараат ПП апарати од 6 и 9 килограми. Некои прават и листи за нарачки на апарати кои се чекаат од увоз. Големата побарувачка од малите компании, угостителските објекти, станбените згради си го направи своето. Стравот за личната безбедност, но и од инспекциите кои се засилени во овој период ги натера најбрзо што можат да набават противпожарна опрема.

Од Заедниците на станари велат дека некои од зградите имале исправни хидранти, хидрантски црева, противпожарни апарати, но со текот на времето или нередовно се вршел сервис или пак некој ги крадел. Сега се во трка да набават нови. Противпожарните апарати чинат помеѓу 2.500 до 6.000 денари зависно од големината и полнењето. За простор од 50-тина кавдрати треба да има една боца од по 9 килограми.

„На 3 места ни недостасуваат деловите од кутиите (црева и цела опрема внатре), но ми кажаа дека не можеле да добијат понуда, ниту фирма што би можела во брзо време да ги набави. Обврзани сме да ставиме најмалку 3 противпожарни апарати со кутии. Ни пратија понуда од апарат кој чини 2.500 денари плус ДДВ. Сега прашуваме по другите згради од каде ги набавиле ПП апаратите и цревата, за да видиме дали таа фирма има на лагер“ – Заедница на станари.

Реклама

Од компаниите што вршат увоз велат дека речиси ниту една компанија немала на залиха толку апарати, колку што биле побарани во последниве 10-тина дена.

Апелираат до граѓаните и фирмите да не забораваат дека противпожарните апарати треба да се сервисираат најмалку еднаш годишно. Рокот на траење на еден ПП-апарат е 20 години, а потоа треба да се фрли и да се купи нов.

Исто така, треба да внимаваат да купуваат сертифицирани апарати со ЦЕ-ознака, бидејќи на „диво“ се продавале и кинески ПП апарати кои се небезбедни.

Општините веќе им најавија на Заедниците на станари дека спроведуваат акција за превенција и проверка на средствата за противпожарна заштита. Им дадоа рок на Управителите од една недела на писмено да ги известат за моменталната состојба со ПП опремата, а потоа ќе следат и глоби доколку недостатоците не бидат отстранети во одреден рок.

Инспекторите контролираат дали постои и дали е исправна хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали има доволен број на исправни ПП апарати, дали се проодни противпожарните скали, дали се исправни лифтовите и дали редовно се сервисираат, дали се безбедни фасадите на објектите.