Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Масовна поддршка од граѓаните за политиките на владата, додека СДСМ ризикува да изчезне од политичката сцена

Година ипол на власт, а уште со неприкосновен легитимитет меѓу граѓаните. Резултатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Година ипол на власт, а уште со неприкосновен легитимитет меѓу граѓаните. Резултатите од првиот круг на локалните избори потврдуваат дека владејачката партија ја задржува, поддршката меѓу народот водејќи политики за кои граѓаните даваат зелено светло. Економските политики, инфраструктурниот бум, битката за расчистување со корумпираното правосудството, цврстиот став кон спорот со Бугарија, односите со ЕУ се чини се дел од низата причини зошто и покрај идејните локални решенија, партијата на Мицкоски и понатаму е на чело на секое поле во државата.

На дел од ова синоќа се осврна и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека Македонија не избрала партија, туку насока, избрала вредности.

Аналитичарите велат дека резултатите на локалните во полза на ВМРО-ДПМНЕ не се изненедување туку само континуитет на политката на владејачката партија.

Реклама
  • Со вчерашниот резултат граѓаните на некој начин ја потврдија поддршката која ја дадоа на владејачката колација минатата година, и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ и на ВЛЕН. Они имаат сега и дополнителна одговорност да ги исполнат сите оние очекувања кои што ги бараа граѓаните од нив“ вели Владимир Божиновски – универзитетски професор. .

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги има на своја страна граѓаните, социјал-демократите како да не ја сфатија порака на минатите избори и сега им се заканува тотална нерелевантност, па дури и иизчезнување од политичката сцена. Покрај поразот на парламентарните и претседателските избори минатата година, партијата на Филипче барем според овоените гласови го допре своето дно. Овие избори, СДСМ освои најмалку гласови од нивното постоење. Аналитичарите велат дека на СДСМ му треба уште време за суштинска консолидација и дека граѓаните даваат шанса на проекти, а не на дневни политизации.

СДСМ сега е во ситауација да се бори да се врати на второто место на македонската политичка сцена, а долг е патот да се приближи на ВМРО-ДПМНЕ.

  • Сега имаме ситуација каде што ВМРО-ДПМНЕ има некрикосновена поддршка од граѓаните, а потоа се СДСМ и Левица. Значи не е веќе она што беше ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ туку сега се создава друг дуалитет и борба за гласови за кој ќе биде втора партија на македонската политичка сцена. Тоа е она што е реална закана за СДСМ во моментот и они мора да се обидат преку реформи и реструктуирање да се одлепат и повторно на некој начин да се проближат на ВМРО-ДПМНЕ и повторно да го зацврстат оној дуалитет ВМРО-СДСМ кој постои 35 години.Доколку успеат се разбира, доколку не – тогаш веќе се надзира нова борба меѓу СДСМ и Левица кој од нив ќе ги предизвика ВМРО-ДПМНЕ на некои следни избори“ вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

И покрај сите порази, Филипче е уверен дека тој треба да седи во претседателското столче на Бихаќа. Не планирал да си поденсе оставка, туку само соопшти дека резултатите на избори не биле посакуваните, но сведочеле за процесот на консолидација на партијата.