Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

МАСИТ: Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Македонија во 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка.

ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги изнесувал 237 милиони евра, што значи дека нето позитивниот ефект за македонската економија достигнал 439 милиони евра.

Најголемиот дел од приходите доаѓаат од компјутерските услуги, чиј извоз во 2025 година достигнал 599,6 милиони евра.

Реклама

Податоците дополнително ја нагласуваат тежината на ИКТ секторот во македонската економија. За споредба, во 2025 година извозот на храна од земјава изнесувал 564 милиони евра, додека извозот на железо и челик достигнал 496 милиони евра.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ укажува дека извозот на ИКТ услуги бележи импресивен раст во изминатата деценија. Во 2016 година тој изнесувал околу 150 милиони евра, што значи дека за девет години е зголемен за повеќе од 351 проценти, односно повеќе од четири и пол пати.

Овој тренд покажува дека македонските компании се успешно позиционирани на глобалниот пазар и дека ИКТ индустријата има потенцијал, со соодветна државна стратегија, да стане еден од стратешките столбови на економијата, со значителни можности за понатамошна диверзификација, иновации и отворање нови работни места.

Според податоците на МАСИТ, во 2024 година во ИКТ индустријата во Северна Македонија работеле 2.921 компанија со близу 24.000 вработени.

Во последните пет години секторот бележи стабилен и конзистентен раст по сите релевантни економски индикатори. Периодот од 2020 до 2025 година се карактеризира со значително зголемување на бројот на компании, вработени и извозни приходи.

Според МАСИТ, овие резултати укажуваат на созревање на ИКТ индустријата – како во делот на професионализацијата и организациската структура на компаниите, така и во нивната конкурентност на домашниот и меѓународниот пазар.