Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Маричиќ: Преземени сите дејствија за функционалност на ДИК поврзани со подготовката за изборите во Брвеница

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги усвои измените на Планот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги усвои измените на Планот за продолжување на работата во случај на катастрофа и Одлуката за постапување согласно Планот за продолжување на работата во случај на катастрофа, со кои се овозможува преземање на сите чекори и дејствија поврзани со одржувањето на изборите за градоначалник во Општина  Брвеница по хаваријата во зградата на „Нова Македонија“ во која се наоѓа Комисијата.

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ информира дека овој План го има усвоено Комисијата веќе подолг период, односно од 2021 година.

-Согласно Изборниот законик (член 31 став 2 точка 43б и член 38 став 1 од Деловникот на нашата институција), Комисијата е надлежна за носење на ваков План за функционирање во вонредни услови, односно во услови какви што се наоѓаме во овие денови. Имено, знаете дека веќе петти ден во зградата на „Нова Македонија“ каде што се наоѓа и Државната изборна комисија, заради хаварија односно поплава, има електричен дефект и нема струја. Направивме посебен план за функционирање. Државната изборна комисија функционира во овие услови така што дел од колегите се присутни во помошна просторија во една соседна зграда од којашто функционираме, а дел работат од дома. Меѓутоа, постојат многу важни податоци коишто ги имаме во нашите сервери, поврзани со функционалноста на институцијата, но и со навремена подготовка на сите чекори и дејствија поврзани со предвремените избори за градоначалник во општина Брвеница, вклучувајќи ги и податоците за Избирачкиот список и сè она што ни е неопходно. И заради пристапност и навременост на постапувањето низ сите чекори поврзани со овие дејствија, должни сме да направиме измена на овој План за продолжување на работата во случај на катастрофа и за практично активирање и постапување согласно тој план – рече тој.

Реклама

Маричиќ потенцира дека по препорака од ИКТ тимот на ДИК направени се низа чекори за да станат функционални нивните сервери и да бидат достапни сите дата бази за организирање на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница закажани за 18 октомври годинава.

-Сите мерки предвидени во овој план се предложени и направени во консултација со стручниот ИКТ тим на Државната изборна комисија, кој обединува повеќе стручни лица од оваа област (информатичка технологија) кои помагаат во функционирањето на Државната изборна комисија и точно знаат што треба да се прави во вакви ситуации. По нивна препорака направивме серија на чекори за да ги направиме функционални нашите сервери и да можеме навремено во текот на наредните денови да ги направиме достапни сите апликации и сите бази на податоци коишто ни се важни за организирање на изборите на 18 октомври – нагласи Маричиќ.

Членовите на ДИК донесоа одлука  за дополнување на Одлуката за утврдување на потребата од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за организирање и спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Со оваа одлука, на постоечките двајца обучувачи им се додава уште еден дополнителен обучувач заради ефикасното спроведување на потребните обуки на избирачките одбори, и заради навремено и успешно организирање на изборите.