Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Манолева не се чувствува виновна за хаосот на хирушките клиники и не размислува за оставка

Заменичката министерка за здравство Маја Манолева не се чувствува виновна за хаосот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменичката министерка за здравство Маја Манолева не се чувствува виновна за хаосот на Хирушките клиники и не размислува за оставка. Таа денеска ги седнала на маса директорите на клиниките, каде било договорено дека допрва треба да се објави тендер за набавка на нови компресори за Клинички. Вели дека побарала од двата помошни хирушки центри – градска болница “Св Наум Охридски” и “ГОБ 8-ми септември” кои се соочуваат и со најголемиот товар со пациенти, да поднесат барања за распределување на медицинцкиот персонал.

Манолева не е загрижена за колапсот на Клинички, и тоа што илјадници пациенти се оставени да чекаат за потребните операции. Најголем проблем е, што од ден на ден бројот на болни кои чекаат интервенција енеромно се зголемува.

Каков гас и смрдеа се шири во хирушкиот блок и дали ќе се смени компресорската станица на Клинички ќе се знае деновиве. Иако дел од докторите, најавуваа дека денеска со помош на надворешни компресори ќе проработат хирушките сали, тоа не се случи. Ниту еден директор од Клинички не собра храброст и не излезе во јавност да објасни колку оператвни зафати се одложени и што се случува во хирушките клиники, и покрај тоа што од заеднички служби топката ја префрлија кај нив.  Единствен што јавно кажа дека хирурзите функционираат во импровизирани услови а пациентите се во агониј, поради пролонгирање на интервенциите беше директорот на стара градска,др. Љубен Арсенков. Тој алармираше уште пред една недела дека, здравтсвените власти треба под итно да се фатат за работа и да го решат проблемот најбрзо што можат.