Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Манифестација „Спортист на годината 2025“: ОУ „Никола Карев“ од Кочани прогласено за најуспешно училиште во спорт во државата за 2025 година

Основното училиште „Никола Карев“ од Кочани е прогласено за најуспешно училиште во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното училиште „Никола Карев“ од Кочани е прогласено за најуспешно училиште во Македонија на полето на спортот за 2025 година. Признанието, училиштето го доби на манифестацијата  „Спортист на годината 2025“ што се одржа синоќа во Скопје во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортските федерации.

Во изминатата 2025 – та  женската екипа на „Никола Карев“ на училишното првенство стана државен првак во фудбал, додека момчињата од футсал екипата го освоија третото место.

Во поединечна конкуренција училишни државни прваци во борење слободен стил во своите категории станаа Даријан Павлев и Едис Билалов, а третопласирани се Мартин Цветков и Џејсон Горгиев. На државното првенство шах, Матеј Диванисов исто така дојде до третата позиција.

Реклама

-Му благодарам на Министерството за спорт што ги препозна спортските постигнувања на нашите ученици. Зад сето ова стои целиот колектив и ангажман за развој на училишниот спорт, кој во континуитет трае подолг период. Наградата им ја посветуваме на настрданите во трагедијата од 16 – ти март минатата година, рече Александар Андов, директор на кочанското ОУ „Никола Карев“, откако го прими признанието за најуспешно основно училиште во спортот за 2025 во Македонија.