Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Манчев: Босилово напредува со нови водоводни и канализациски системи, реконструкција на училиштето во Еднокуќево и асфалтирање на улици и патишта

Измина една година откако по втор пат ми ја дадовте довербата да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измина една година откако по втор пат ми ја дадовте довербата да ја извршувам функцијата градоначалник на Општина Босилово. Вашата доверба за мене значи чест и почит, но истовремено значи и одговорност и обврска, секојдневно и неуморно да работам за решавање на проблемите во Општина Босилово и обезбедување на услови за развој на Општина Босилово, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово.

Во изминатите дванаесет месеци, Општина Босилово реализираше и во тек е реализација на низа проекти и активности насочени кон подобрување на условите за живот во сите населени места, унапредување на инфраструктурата, комуналните услуги, образованието, спортот, културата и заштитата на животната средина. За првпат во Општина Босилово, во населено место Моноспитово, се гради фекална канализација.  Проект вреден околу 2.000.000 евра, истиот е во напредна фаза на реализација и финансиската конструкција за овој проект е целосно затворена.

Се гради и водовод во населените места Иловица и Штука, проект кој што заедно со резрвоарите чини околу 800.000 евра. Оваа е најголемата инвестиција во водоснабдителен систем во Општина Босилово во последните 20 години. Комплетно се реновира и основното училиште во Еднокуќево, инвестиција во вредност од 15.000.000 денари. Очекуваме до крајот на овој месец, училиштето да биде пуштено во употреба.

Реклама

Во изминатиот период се асфалтираа повеќе локални патишта и улици во Општина Босилово. За првпат, во рок од една година, асфалтирани се два локални патишта исклучително важни за граѓаните од нашата општина. Тоа се локалниот пат Турново–Бориево и локалниот пат Радово–Турново. Покрај тоа, во изминатите 12 месеци, асфалтирани се дванаесет улици во Општина Босилово и тоа  две улици во Еднокуќево, една во Робово, три улици во Босилово, една улица во Сарај, Дрвош, Гечерлија, Секирник, Иловица и Моноспитово. Во моментот се гради уште една улица во Турново, а до крајот на годината ќе бидат асфалтирани уште 8 улици во населените места во Општина Босилово. 

Нашата заложба беше дека до крајот на овој градоначалнички мандат ќе бидат асфалтирани сите неасфалтирани улици во општината, работиме на тоа и ќа ја реализираме оваа цел. Во делот на водоснабдувањето и канализацијата, значаен чекор е постигнат и со Потпишувањето на Меморандум за соработка со Македонски Каритас за изградба на дел од фекална канализација во населено место Радово. Проект кој очекувам да започне со реализација на терен во текот на следната година и со тоа Радово ќе биде второто населено место во општина Босилово каде што ќе почне да се гради фекална канализација. Исто така, важно е да се истакне дека е потпишан  договор за промена на филтрите на филтер-станицата во Иловица, проект во вредност од околу 70.000 евра.

Во областа на животната средина и комуналните услуги, Општина Босилово, преку УНДП доби камион за собирање отпад и 1.500 канти за селекција на пластика. Кантите беа поделени на домаќинствата во повеќе населени места во општината. Во делот на енергетската ефикасност и обновливите извори, на кровот на Домот на културата во Секирник се поставени фотоволтаици со моќност од 40 KW.  Оваа е 5-ти објект со фотоволтаици во нашата општина и нашата цел е сите општински објекти да добијат фотоволтаици.

Во областа на социјалната заштита и грижата за најмладите, потпишан е договор за реконструкција на Домот на културата во Радово и старото училиште во Иловица, за нивна преадаптација во детска градинка и набрзо ќе започнат градежните активности на терен. Во градинката во Моноспитово се изведоа повеќе градежни работи и зафати за уредување на објектот.  

Исто така обезбедена е и еднократна парична помош од 5.000 денари за секое прваче во Општина Босилово.

Во областа на спортот, изградено е ново фудбалско игралиште во училишниот двор во Турново,  обезбедени се столчиња за фудбалските стадиони во Турново и Радово, ги помагаме и поддржуваме спортските клубови во општината. Во насока на подобрување на дигиталната инфраструктура, во центарот на Босилово поставена е бесплатна Wi-Fi интернет зона. Значајни активности се реализирани и во областа на заштитата и превенцијата од природни непогоди. Согласно тоа набавени се термални камери за рано откривање и превенција од пожари, преку Програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2021-2027 и истите набрзо ќе бидат монтирани и ставени во функција.

Во рамките на проектот „Општините како двигатели на одржливиот развој“, имплементиран преку UNDP, набавен е ровокопач за чистење на одводни канали.  Во изминатите дванаесет месеци, во рамките на можностите се вршеше копање и чистење на одводни канали и поставување на одводни цевки, во сите населени места кадешто имаше потреба. Во рамките на активностите за заштита од поплави и одржување на водотеците, исчистена е критична делница од реката Струмица помеѓу Секирник и Зубово и изграден е привремен премин преку реката со цел пристап на земјоделците од населено место Секирник до своите обработливи површини.

Дополнително, се врши тампонирање, рамнење и насипување на полски патишта и улици во повеќе населени места, со што се подобрува пристапноста до домовите и движењето до обработливите површини. Континуирано, во рамките на можностите се чистат депонии во сите населени места. Во делот на безбедноста во сообраќајот, поставена е вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација и рефлектирачки столбови на делницата од локалниот пат Турново кон Иловица–Штука и Босилово -Еднокуќево.

На полето на културата и општествениот живот секојдневно се организираат настани и манифестации со цел подигање на културниот и социјалниот живот во општината на едно многу повисоко ниво.

Почитувани,

Ја градиме Општина Босилово денес, работиме напорно секој ден, и мислиме за иднината. За првпат во текот на една година, Општина Босилово, од својот буџет одвои околу 8.000.000 денари за изработка на урбанистичка и проектна документација. За општина како нашата со скромен буџет, оваа е важна инвестиција со која покажуваме дека работиме плански и размислуваме за иднината. 

Согласно тоа, одвоени се околу 2.000.000 денари за изработка на урбанистичка и проектна документација за мост на река Струмица во Секирник, 1.500.000 денари за проект за фекална канализација за Босилово, проект за Фекална канализација за Радово, проект за водовод за Дрвош, урбанистички план за индустриска зона во Робово, понатаму изработен е проект за локалниот пат Ѓечерлија – Хамзалии, проект за локалниот пат Сарај – Ѓечерлија, Бориево – Монпспитово и многу други.

Дека мислиме за иднината на Општина Босилово, потврдува и фактот дека општина Босилово, од општина потоната во долгови, ја направивмe општина без долгови со стабилна финансиска состојба. Сите реализирани проекти и активности се дел од континуираните напори на Општина Босилово за рамномерен развој на сите населени места и создавање на подобри услови за подобар живот на сите граѓани во општината. 

Дел од активностите се реализирани со средства од општинскиот буџет, а значаен дел со поддршка од националните институции, меѓународни организации и донатори.

Општина Босилово се гради, Општина Босилово ќе продолжи да се гради!