Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Манасиевски: Завршија празните ветувања на полето на животната средина, ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените во животната средина

Со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, завршија празните ветувања на полето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, завршија празните ветувања на полето на животната средина и почна реализацијата на ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Направена е стратегија за 20 години, со која идните влади, без разлика која политичка партија ќе ја предводи Владата, ќе има Национална стратегија за тоа во кој правец ќе се трасира државата во овој поглед. Целта е Македонија да помине низ зелена енергетска трансформација.

Откако само на хартија и склучување на тендери и договори, минатата власт не успеа да се справи со аерозагадувањето, за разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ почна со чекори кон справување со истото.

Реклама

Направен е план за почист воздух 2025-2030 година, со кој Владата се залага за промена на системите за греење, за кое се издвоени 10 милиони евра, набавка на 6 еко автобуси кои веќе транзитираат низ главниот град, како и набавка на додатни 120 електрични автобуси за потребите на граѓаните на Македонија.

За да дојдеме до почист воздух, се планира изградба и на пречистителни станици една во Скопје и една во Битола. Зајакнати се инспекциски мерки и локални планови за загадување на ПМ10 и ПМ2,5 честиците“, додаде Манасиевски.

„Во делот на заштитена и почиста животна средина, како и почист воздух, одвоени се 55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи, со цел изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер станици и центри за рециклирање. Во однос на ова, имаме направено и Национална стратегија за управување со отпад 2024-2036 година.

Ги заштитуваме националните паркови и природата, ја зголемивме заштитената површина на речиси 14%, како и прогласувањето на Националниот парк Шар Планина и подготовките за Јабланица.

Една година животната средина ја заштитуваме и прочистуваме. Една година на нови стратегии и мерки за почист воздух. Една година на реализации.

Граѓаните заслужуваат почиста и поздрава животна средина. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!“, потенцира Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.