Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Манасиевски: Вработените во МЗ знаеле дека договорот и анексот на Филипче се коруптивни и криминални, одбивале да ги потпишат

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово. Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче и СДСМ ги потцениле вработените во Министерството за здравство, кои одбиле да го потпишат анексот на договорот кој го направил Филипче, бидејќи во ревизорскиот извештај се констатирани пропусти и противзаконски дејствија. Имено, по заминувањето на Филипче од МЗ, се прави извештај со правно мислење за анексот кој Филипче го има потпишано, и во извештајот стои дека договорот најитно треба да се раскине, а анексот на Филипче да се прогласи за ништовен – со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации. Лицето кое ја обавувало функцијата проектен менаџер, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот. Истото лице врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени, но вработените, свесни дека овој договор е коруптивен и криминален, одбиваат да се потпишат, рече тој.

Истакнува дека по долг период на непостапување, проектниот менаџер не го раскинува договорот, и до септември 2022 година не презема ништо – со што го става изведувачот во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.

Реклама

-Тогашниот министер Беким Сали бара внатрешен ревизорски извештај, кој е подготвен кон крајот на јануари 2023 година. Тој заминува од Министерството за здравство на почетокот на февруари 2023, а на негово место доаѓа Фатмир Меџити, кој го игнорира извештајот како да не постои. Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба. Е сега тука е клучниот момент: Никој од проектната единица не сака да ја потпише спогодбата. Зошто? Затоа што знаат колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб. Почитувани, ова е вистинското лице на Венко Филипче, кое го штити Јавното обвинителство. Наместо да се отвори постапка против Филипче, целиот овој процес стои во некоја фиока и не се постапува, истакна Манасиевски.