Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Манасиевски: Српските опозиционери Ружиќ и Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање опозициски фронт, Заев и Башановиќ со директни насоки и упатства

Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ на средба со Димитријевиќ во Скопје за формирање на опозициски фронт, Зоран Заев и Зоран Башановиќ со директни насоки и упатства.

Откако не добивме демант од страна на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според јавно достапните информации, знаеме дека е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која инаку е дел од Партијата на Европски Социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДСМ на Заев.

Реклама

Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ, затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот.

Според јасните инструкции и насоки од Башановиќ и Заев, тројката составено од Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ, се имаат сретнато на средба во Скопје на која било дискутирано за натамошните дејствија на овој таканаречен опозициски фронт во Србија.

Почитувани граѓани, за жал, СДСМ се става на услуга на друга партија во друга држава, додека нивната партија во Македонија има рејтинг кој се мери на една шака.

СДСМ предводена од чиракот на Заев, Филипче и неговиот послушник Димитријевиќ, за жал се распаѓа поради послушноста кон врховниот лидер Заев, чиј доказ е неговиот пречек на роденденот на СДСМ. Се додека СДСМ не се дистанцира и огради од Зоран Заев, нема да застане на нозе.