Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Манасиевски: Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДСM, Башановиќ и Заев стојат зад завесите

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДСM и Филипче, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСM.

Станува збор за човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Зоран Заев е понуден да работи за СДСM.

Реклама

Екс советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк, и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДСM.

Со ова, се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДСM и многуте честити српски фрази и споредби во нивната комуникација.

Зоран Заев откако го договори Венко Филипче да биде лидер на СДСM, му договори и кој да лаже за него.

Почитувани,

Сега може да знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации.

Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДСM толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев.

Прашање: Ваш коментар околу синоќешното апсење на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, кој е надлежен на таа функција во јуни 2024?

Одговор: Ова е определбата на Владата за борбата против криминалот и корупцијата на дело. Секој кој се огрешил пред законот, без разлика дали од СДСM од ВМРО-ДПМНЕ, или било која друга политичка партија, треба да одговара. Сите мора да бидат еднакви спрема законот. Воедно, ја поздравуваме и акцијата на МВР и ова е порака до сите дека со законот нема играње. Дополнително, ние не очекуваме ова да го разберат колегите од СДСM затоа што тие се уште една иста криминална банда којашто сака да дојде на власт само за повеќе да краде.