Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Манасиевски: СДСМ преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави

СДСМ преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави. Средбата на генералниот секретар на СДСМ, Димитријевиќ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ во Скопје, на која договарале соработка, била по насока на нивниот ПР шеф Башановиќ, а координирана токму од Зоран Заев, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со ова СДСМ директно се стави во услуга на странски партии за да им помага во нивните делувања и да формира некакви опозициски фронтови, додека тука во Македонија стануваат маргинална партија.

Сето ова, СДСМ го прави само поради нивниот врховен лидер Заев, кој има лични и бизнис интереси со неговиот пријател Башновиќ.

Реклама

Чудно, до каде се спремни СДСМ да тонат само поради Зоран Заев. Се радуваат на победи на избори на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, формираат опозициски фронт во трета држава, шират антидржавни политики на четврта држава, но никако да делуваат во својата држава.

И згора на се живеат во свој имагинарен свет, во кој бараат избори на кои се убедени дека ќе победат со само 4% рејтинг.

Во СДСМ се потребни реформи што побрзо бидејќи по следните избори, може да ги снема.

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ