Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Манасиевски: СДСМ е трета партија во Македонија, петта во Скопје, партијата пропаѓа благодарение на Филипче и Заев

СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со освоени само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, СДС го изгуби она што некогаш беше нејзина најголема предност, а тоа е поддршката во средините каде некогаш доминираше.

Во СДС нема реформи, туку само обиди за спас на поединци и криeње на вистинскиот виновник за поразот, Венко Филипче. Оставките без суштина не се решение, само одложување на неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче.

Реклама

Очигледно е дека СДС и натаму функционира под диктат на Зоран Заев. Филипче ниту се дистанцираше од него и неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат.

Ако за Филипче ова е одличен резултат, тогаш ние му се честитаме. Но, вистината е дека под вакво раководство СДС ќе продолжи да тоне.

На Македонија и е потребна вистинска опозиција, а тоа нема да се случи без оставка на Филипче и реформи во СДС, рече Манасиевски.