Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Манасиевски: СДСМ е трета партија на политичката сцена, дебакл на политиките на Филипче и Заев, Македонија направи вистински избор

–Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

–Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, вели членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски во својата прес-конференција.

Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи во Кичево, Карпош и Струмица, издвојуваа големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а и победа на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје.

СДС на овие избори доживеа огромен дебакл. Освојувајќи само 6 општини, околу 126 илјади гласови и околу 230 советника, СДС е трета партија во државата позади нашиот владин коалициски партнер, партијата ВРЕДИ. СДС на ова ниво, никогаш не биле.

Реклама

–Граѓаните јасно кажаа дека се против политиките на Филипче и неговиот ментор Заев, кој сеуште ги држи конците во СДС Наместо да се оградат и дистанцираат од Зоран Заев, Филипче и раководството на СДС, продолжуваат да го величат ликот и делото на Зоран Заев, човекот кој ја распродаде и уништи Македонија. Потребни се итни промени во раководството на СДС. На Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ им е потребна силна опозиција. Потребен ни е коректор на политиките, луѓе со кредибилитет и аргументирана критика. Филипче и СДС во моментов се во политички нокдаун, и време е Филипче да си замине од СДС и од политиката, потенцира Манасиевски.