Реклама
Македонија

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДСМ се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Реформите и напредокот во СДСМ, не се во прв план на Филипче.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите и напредокот во СДСМ, не се во прв план на Филипче. На него во прв план му е реализацијата на зацртаните планови кои му ги наредува менторот Заев, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалното дуо Филипче-Заев, не се откажува од претседателската фотелја во СДСМ, па макар тоа и ги довело до уништување на партијата.

Заев се уште му ги држи конците на Филипче, а тој возвраќа на секој потег на Заев. Тоа што Александар Трајановски е нов потпретседател на СДСМ, не е затоа што тој е многу добар или квалитетен, туку затоа што е лојален човек на Филипче и на Заев.

Реклама

Заев се уште ја контролира СДСМ преку Филипче, а сега си ја потврдува неговата позиција на претседател од сенка со ставање на Трајановски за потпретседател.

Од овие тројца, но и од остатокот на раководството на СДСМ, народот не очекува ништо. Потребни се реформи итни во СДСМ, за силна опозиција со кредибилитет и одговорност. Тоа мора да почне со оставка на Филипче.