Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Манасиевски: Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе за кандидати за градоначалници

Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе, повеќето од нив актуелни градоначалници, како кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на претстојните локални избори, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетите кои се правеа во изминатиов период покажаа огромна предност на сите предложени со 4:1, а во одредени места и 5:1. Тоа што го гледаме и зборуваме, го потврдија и анкетите и мерењата на кандидатите за градоначалници, додаде тој.

Вреди да се нотира дека граѓаните во огромно мнозинство се задоволни од тоа како се управувани општините каде овие луѓе ја водеа локалната самоуправа и дека се задоволни од проектите, изјави Манасиевски.

Реклама

Луѓето кои ќе ги продолжат промените се:

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски.

Овие луѓе се чесни, одговорни, транспарентни и работат за граѓаните. Сите овие луѓе ја променија сликата за општините, улиците, патиштата, булеварите, реновирани училишта и нови градинки, истакна Валентин Манасиевски.

Ниту еден од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ нема криминална афера, ниту корупциски скандал. Сите градоначалници го обелија образот на партијата и ги остварија очекувањата на граѓаните, додаде тој.

Во следниот период не чека многу работа. Очекуваме победа во секоја една општина. Програмите на градоначалниците ќе бидат со големи проекти кои ќе ги трансформираат во секој поглед. Македонија ќе победи. Доаѓа ново време, потенцира Манасиевски во изјавата.