Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица 

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица. Раководството на Левица го покажа вистинското лице. По Апасиев, Крмов, Мојсоска, Мециновиќ, и Реџеп Исмаил брцнал во медот на Левица, инкасирајќи близу 300 илјади денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Врз кој основ Исмаил подигнал слични цифра на суми, изминативе години? Повторно поставуваме прашање во јавноста, дали можеби и Исмаил е сметководител во Левица? И секако, ако и тој е сметководител, дали знае дека тоа е противзаконски? Или за раководството на Левица тоа не важи?

Почитувани граѓани,

Реклама

Не е проблемот доколку Левичарите од Али Експрес земаат средства од нивната партија, проблемот е што се лицемерни, дволични и шарлатани. Проблемот е што додека ги напаѓаат нивните колеги во Собранието за патни трошоци, тие ја цицаат својата партија зад завесите. Проблемот е што глумат скромни, а купија недвижен имот во договор со извршител по 3 пати пониска цена.