Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Манасиевски: Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДСM бара укинување на 7000 денари на пензионерите

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДСM бара укинување на 7000 денари на пензионерите, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски.

Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДСM, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДСM и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите.

Граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДСM, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права.

Реклама

Судството кое сеуште е под диктат на СДСM, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем.

Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството.