Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Манасиевски: Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот тепач Сашко Митовски од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тепачот Митовски ја злоупотребил службената положба заради тоа што нема извршено надзор и контрола и спротивно на Закон одобрение за градба потпишал како важечко, иако не требало, за СДСM тоа е режим, а Митовски жртва во случајот. Митовски не е никаква жртва, туку локален шериф во Крива Паланка, кој ги тепа своите сограѓани заради тоа што има капка повеќе алкохол во него. Но, сепак, еве би ги прашале СДСM, дали тепачот градоначалник Митовски е жртва и во друг случај, кога повторно, спротивно на Закон, се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице-угостителски објект, или во превод кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски. Замислете, до каде одат градоначалниците од СДСM како Митовски, во општините со кои раководат, тие мислат дека општината им е нивен приватен бизнис, па си прават што сакаат и мислат дека нема да одговараат пред Законот, затоа што досега праксата покажа дека секој оној којшто е близок до СДСM или пак член на истата политичка партија, не одговара и нема никакви судски последици за работите кои ги прават спротивно на Законите. Исто така, за овој случај, тепачот Митовски има добиено кривична пријава, и покрај него уште три други лица, кои веројатно по негова насока го одобриле барањето од правно лице – угостителски објект, за поставување на урбана опрема, кое е во сопственост да повториме, на неговиот брат Милан Митовски. Ова е уште една потврда дека Сашко Митовски не е никаква жртва, ниту под прогон на некаков си режим, туку само обичен локален шериф, кој својата власт ја користи за свои лични интереси. Митовски знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани, истакна Манасиевски.

На граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а ВМРО-ДПМНЕ преку свој кандидат ќе ја испорача промената, додава Манасиевски.