Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Манасиевски: Филипче треба да одговори дали се восхитува на криминалот на Заев

На денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, упати сериозни прашања до Венко Филипче, откако тој изјави дека народот треба да учи од Зоран Заев, нагласувајќи дека „нема друг како него“.

„Дали Филипче мислеше и на тоа како да се направи криминал тежок 8 милиони евра, па да не се одговара за тоа? Заев беше директно инволвиран во случајот со „Глобал“ и требаше да заврши зад решетки, но беше амнестиран од тогашниот претседател Црвенковски“, рече Манасиевски.

Тој праша дали Филипче навистина е воодушевен и од тој дел од историјата на Заев, или можеби ќе се огради и ќе го осуди тој чин.

Реклама

„Венко Филипче треба јасно да каже дали се восхитува на криминалите на Заев, кои му донесоа милионски суми, а благодарение на поддршката од СДСМ, остана неказнет. Со неговата изјава, Филипче призна што навистина мисли – дека го поддржува моделот на Заев. Сега народот нема простор за двоумење. Тој сака да биде криминалец како Заев“, заклучи Манасиевски.