Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Манасиевски: Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот

Филипче вчера докажа дека е човек без грам морал и етика. Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче вчера докажа дека е човек без грам морал и етика. Филипче потврди дека е човек кој не чувствува вина за случајот Онкологија. Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

После сите случувања и трагедии кои ја потресоа државата, очекувавме барем малку човечност во Филипче, да се извини пред граѓаните и да си замине од политичката сцена, но тој тоа не го направи и продолжува да глуми дека е безгрешен.

Филипче кажа дека не се чувствува виновен за случајот Онкологија, иако не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член 226-и и член295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2 т.11, член 76 и член77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1) и член 13 (1, 2, 4) како и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не се постапило согласно членот59. Денес, повторно прашуваме, дали Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои учествувале во овој процес?

Реклама

Филипче еве да ти поставиме и друго прашање. Дали не се чувствуваш виновен и за модулрната болница, за несправувањето со КОВИД кризата, каде што не успеа навремено да набавиш маски, ракавици, медицинска опрема, а да не спомнуваме и за вакцините кои сакаше да заработиш на нив?

Почитувани, Филипче е црна дамка во историјата на македонското здравство и македонската политика. Филипче треба веднаш да си поднесе оставка и да не се бламира во јавноста.

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност, рече Манасиевски.