Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Манасиевски: Една година енергетика со ВМРО-ДПМНЕ – од слепо црево, Македонија ќе биде транзитен центар за гас кон Средна Европа

По 7 години крадење и злоупотреби во енергетиката, имаме една година на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 7 години крадење и злоупотреби во енергетиката, имаме една година на работа, развој и напредок. По 7 години застој, Македонија почнува да се поврзува со гасен интерконектор со Грција и Србија. Од слепо црево на полето на транзит на гас на Балканот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во транзитен центар за гас, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку гасниот интерконектор со Грција, гас од ТАП и Терминалот во Александропулис преку Македонија ќе оди кон Србија и Средна Европа.

Со можност за транзит и до 3 милијарди нормални метри кубни гас, во правец југ – север, Македонија ќе ја гарантира енергетската диверзификација на регионот и ќе ја зголеми употребата на американски, азербејџански и друг гас од не руско производство.

Реклама

Владата го зголеми концесискиот надомест за рудниците. Два ипол пати повеќе пари завршуваат во државниот буџет сега од пред една година.

Донесен е нов закон за енергетика, кој гарантира стабилност и развој по светски стандарди.

Со Законот за енергетика се утврди. Фотоволтаичните централи да мора да обезбедат батериски систем за складирање на електрична енергија, со цел гарантирање на стабилност на системот.

Инсталиран е нов 400кв трансформатор во Битола 2, со што се гарантира енергетската стабилност на југозападниот регион на Македонија.

Почитувани, една година ја движиме Македонија напред на енергетско поле. Една година Македонија реди победи.

Следуваат години на раст и развој на енергијата.

Следува реализација на огромни проекти за производство на струја. Македонија од струјно увозно зависна држава, ќе стане држава нето извозник.

Најдоброто допрва доаѓа. Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.