Реклама

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Макдонијаа да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Македонија

Манасиевски: Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДСM е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда. Поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен пример за тоа дека Зоран Заев се уште ја води партијата во сенка. Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на скапите плажи во Грција, на скапата јахта на Зоран Заев, уживајќи во парите кои Заев и Филипче ги испокрадоа од државата со што ги осиромашија граѓаните, кои преживуваа со едвај 150 денари на ден. Венко Филипче не го интересира напредокот на СДС, затоа и го поставува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, човек кој ги загуби изборите во Аеродром токму како нивен кандидат, истакна Манасиевски.

Во недостиг на вистински кадри и луѓе кои и мислат добро на СДС, Филипче става луѓе кои се блиски до него и Зоран Заев. Реформите кои ги најави Филипче во СДС, мора да почнат со неговата оставка. Срамно е до каде ја доведе некогаш големата СДС, додаде тој.