Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Манасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче и дали затоа судиите на СДСM го спасуваат од притвор газдата на фирмата?

Властa на СДСM плаќала 2,5 пати повеќе на Марковски Компани, 4.000 денари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Властa на СДСM плаќала 2,5 пати повеќе на Марковски Компани, 4.000 денари за еден час ископ, а само пред една година 1.500. Кога велиме дека криминалот на Марковски Компани и СДСM се гледа од авион, токму  на ова мислиме, стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, на 17.07.2024 година, РЕК Битола склучува договор од 208 милиони денари за ремонтни активности во комбинатот, а цената за 1 час такви активности е 3.947 денари. Ист ваков договор Марковски Компани имал и претходната година, но тогаш чинел 1.516 денари час за ремонтни активности.

Доколку РЕК Битола не го местеле тендерот за Марковски Компани и останела цената од 2023, или истата за малку се покачела, државата ќе заштедела 90 милиони денари. И тоа е само од еден тендер.

Реклама

90 милиони денари е разликата во цени од 2024 во однос на 2023. Ако се земе предвид дека и во 2023 година Марковски Компани не работела со загуба, туку со профит, се доаѓа до очигледниот заклучок дека овие 90 милиони денари завршиле на нечии приватни сметки.

Дали овие 90 милиони денари завршиле кај Заев и Филипче, па сега така здушно го бранат преку свои судии и инсталации во судството газдата на Марковски Компани од притвор?

Грабежот кој Марковски Компани го направил во РЕК и ЕСМ не е можен без врвот на власта на СДСM. А за тоа ќе зборуваме и во наредните денови.

Стотици милиони евра народни пари се испумпани преку Марковски Компани. Газдата на фирмата, кој сега СДСM го штити преку своите судии, мора да каже каде завршиле овие огромни милиони. СДСM не може вечно да бега. Одговорност ќе има.