Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Манасиевски: Четири адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор, СЈО како партиски штаб на СДСМ

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО се доказ за тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоштвата на обвинителката Лејла Кадриу од поранешното СЈО се доказ за тоа како Зоран Заев го отвори правосудството како пупка. СЈО било претворено во партиски штаб на СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ во тоа време ветуваа некаква вистина и правда за Македонија, но освен политички прогон, политичко монтирани случаи и изживување врз поранешни политичари, друго граѓаните не добија.

Обвинителката Кадриу во интервју сведочи дека во еден момент, дури 4 адвокати на Зоран Заев дошле во СЈО да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч’“. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК и да биде работен токму во СЈО. Истиот овој предмет потоа бил и донесен во СЈО, спакуван во некакви кутии и обвиен со заштитна фолија. Овој предмет требало да го работат обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска. Овој предмет толку бил влечкан и обвинителките не оделе на рочиштата, што според обвинителката Кадриу, и ден-денес, ако го најдеме некаде, сè уште би бил во некоја заштитна фолија, ниту отворен ниту разгледан.

Реклама

Дополнително, обвинителката Кадриу сведочи дека уште минимум два предмета, додека таа била во СЈО, биле политички монтирани. Едниот е случајот за кој беше обвинета поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а другиот е случајот со Нешковски, случај со кој СДСМ излажа многу граѓани, ветуваше некаква вистина, за на крајот да излезе дека нема никаква институционална одговорност.

Почитувани граѓани, Заев и СДСМ тогаш беа спремни да направат сè само за да дојдат на власт и успеаја во намерите. Го лажеа својот народ и му ветуваа приказни, кои и ден-денес се потврдуваат дека се лажни. СЈО и Катица Јанева беа користени само за Зоран Заев и СДСМ да дојдат на власт. По нивното искористување, сите знаеме како заврши таа приказна.

Затоа, го повикуваме ЈО да покаже дека се ослободило од канџите на Зоран Заев и СДСМ и да ги истражи овие сведоштва на поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, за вистината конечно да излезе на виделина!