Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Манасиевски: Честит 1 април – денот на Филипче и СДСМ

– На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На овој ден, мораме да признаеме дека официјално мигранти во Македонија ќе има. СДСМ и Филипче беа во право и никогаш не го лажеа македонскиот народ. На овој важен датум, мораме да признаеме и дека нема зголемување на пензиите за пензионерите, нема зголемување на платите за работниците и нема намалување на инфлацијата, немаме најевтино гориво во регионот и Европа, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Денес, мораме да признаеме дека Филипче и СДСМ се потполно во право. Немаме напредок во Реформската Агенда и не сме лидери на Балканот во овој сегмент. Ние немаме визија како се води држава, но затоа ги слушаме советите на Зоран Заев и Венко Филипче кои, мораме да признаеме, навистина успешно ја водеа државата.

На ваков ден мора да си признаеме, лидери како Заев и Филипче – Македонија немала. Чесни и патриоти луѓе. Луѓе кои никогаш не згрешиле на македонскиот народ. Луѓе кои секогаш стојат на зборот и секогаш го исполнуваат. Немаат ниту една дамка во овие изминати години кои може да се поврзат со Венко Филипче, Зоран Заев или со СДСМ.

Реклама

Денешниот датум не потсеќа дека Заев и Филипче секогаш мислеа на граѓаните, а не на тендерите. Тие први носеа вакцини во ковид кризата, први намалија цени на електричната струја во енергетската криза, први намалија цена на горива кога пред некоја година дивееја цените во светот. Да потсетиме дека тие отворија  преговори со ЕУ, и дека датумот е на маса и само се чека потпис на документот. Почитувани граѓани, за крај, дозволете да го честитам први април – денот на СДСМ.