Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Манасиевски: Апасиев и Левица демаскирани – од велосипеди до луксузни имоти

Од глумење левичарство и скромност, до поседување деловни објекти и кафулиња во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од глумење левичарство и скромност, до поседување деловни објекти и кафулиња во срцето на Скопје — ова е вистинската трансформација на Левица, истакна Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

“Како тие што вчера се претставуваа како обични момчиња денес станаа тајкуни?”, праша Манасиевски.

Тој го обвини лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ја изиграл јавноста со наметнат имиџ на скромен човек кој оди на работа со велосипед, додека во позадина, преку партијата, се купуваат деловни простори од над 400 квадратни метри. Дел од тие објекти, според Манасиевски, се стекнати во сомнителна соработка со извршители — токму оние кои Апасиев до вчера јавно ги критикуваше и бараше нивно укинување.

Реклама

Еден од деловните објекти, кој не е само подрумски простор туку содржи високо приземје и комерцијална намена, е веќе сопственост на Зоран Ивановски, член на Централниот комитет на Левица и член на Управниот одбор на ЈП Водовод.

“Од велосипеди до џипови паркирани по тревници околу Собранието. Од подрум до елитно кафуле ‘Павилјон 36’. Од антагонизам кон извршителите до соработка за стекнување имот по трипати пониски цени од пазарните. Ова е денешната слика на Левица”, истакна Манасиевски.

Тој го повика Апасиев да одговори јавно на неколку прашања: На што се трошат членарините од членовите на Левица? За деловни простории, за скапи возила или можеби за луксузни одмори во Грција?

“Левица и Апасиев се целосно демаскирани. Приказната за чесност и скромност се распадна. Народот веќе ги прочита”, заклучи Манасиевски.