Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

МАН: Сашо Орданоски ја фрли Македонија во ризик и сомневање пред стратешкиот партнер САД

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го дели згрозувањето, шокот и гневот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го дели згрозувањето, шокот и гневот на јавноста во однос на изречените зборови на „новинарот“ Сашо Орданоски со експлицитен говор на омраза и навреди кон странски државници, што е повреда и на домашниот Кривичен законик, и на меѓународното право кое го штити угледот и честа на државниците од вакви напади, а особено штетно и опасно за Република Македонија, нејзиниот статус во меѓународните односи и во крајна линија на нејзината безбедност како членка на НАТО, велат од МАН.

Целото соопштение на македонската асоцијација на новинари, проследете го во продолжение:

Сашо Орданоски во гостувањето како гостин во емсијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, емитувана на ден 20.02.2025 година, во повеќе наврати за американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата политика е нацистичка, рекетарска, дека е неписмен, а на ист начин говореше и за потпретседателот Џеј Ди Венс, како и за шефот на Одделот за владина ефикансот Елон Маск.

Реклама

Во 2008 година Македонија потпиша Договор за стратешко партнерство со САД, со кое презема и обврски помеѓу останатото да се грижи за угледот и честа како на Соединетите држави, така и на државниците кои таа држава ја предводат.

Во исто време, Македонија е членка на НАТО, во која членува и САД како партнер на Македонија и според демократската јавност, неформален лидер во таа организација.

Американските граѓани на избори одбраа државата да ја предводат претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс, со политиката која гласачите ја поддржале.

Квалификувањето на Американскиот претседател и потпретседател како нацисти, неписмени, рекетари и слично е навреда и квалификација за целата американска држава.

Со ова јавно ширење на говор на омраза, навреди и уривање на чест и углед на Трамп, Венс, Маск и американската држава, Сашо Орданоски ја вовлече македонската држава и македонските државни интереси во проблем да се бранат од ваквиот говор на омраза пред домашната и меѓународна јавност со последици кои се исклучително сериозни.

Македонската држава пред се обвинителството кое е должно да се грижи за заштита на законот и државните интереси веднаш да реагира по јавно допрен глас и да отвори постапка за овој случај давајќи му врвен приоритет и итност пред да почнат да стасуваат одговори и последици од прозваната страна во Вашингтон.

Говорот на омраза на Сашо Орданоски е посебно тежок, бидејќи се работи за човек кој засебе пишува дека бил член на невладини организации помагани од американски пари, како што е Транпарентност Македонија и други и често настапува во јавноста, со што е сосема очекувано дека овој говор на омраза може да го повтори, а последиците од него да станат уште полоши.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) овој протест против ваков, најопасен говор на омраза со висок ризик за последици по државата и нејзиниот статус, ќе го испрати освен до јавноста, и до Амбасадата на САД во Македонија, до Кабинетот на претседателот на САД Доналд Трамп, до кабинетот на потпретседарелот на САД Џеј Ди Венс, како и до кабинетот на Шефот на одделот за владина ефикасност Елон Маск.