Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

🎥 „Мали проблематични девојки“ – најдобар медитерански филм на фестивалот „Преку езерото“

Словенечкиот „Мали проблематични девојки“ на Уршка Ѓукиќ  е најдобриот медитерански филм кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Словенечкиот „Мали проблематични девојки“ на Уршка Ѓукиќ  е најдобриот медитерански филм кој беше прикажан на фестивалот „Преку езерото“. Наградата за најдобар краткометражен филм ја поделија „Бланш“ од режисерката Јоана Ракотариса и  „Момчето со бела кожа“ од Симон Панау   – филмови кои импресионираат со оригиналноста и моќно раскажаните приказни. Се свечено доделување на награди и за најдобар режисер, најдобар актер и актерка како и филм со најдобра музика официјално беше затворен фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм во Дојран. 

Тричленото меѓународно жири најголемата најграда одлучи да ја додели на режисерката Ѓуриќ за автентичното прикажување на моминското детство и тинејџерската сексуалност.

„Главната награда за најдобар медитерански филм на фестивалот „Преку езерото“ оди за автентичното прикажување на моминското детство и тинејџерската сексуалност. Станува збор за длабоко и лежерно, сензуално деби кое отворено зборува за копнежот по оваа речиси неистражена територија помеѓу детството и животот на возрасните. Наградата ја добива филмот „Мали проблематични девојки“ и Уршка Ѓукиќ.“

Реклама

„Секако, особено сум благодарна на фестивалот што воопшто ги прави фестивалите – затоа што тие се многу важни, тоа е еден од ретките начини на кои филмот сè уште живее и може вистински да допре до луѓето. Ви благодарам многу за тоа. И, секако, ви благодарам на жирито што ја препозна силата на нашиот филм, а и на гледачите што сè уште гледаат филмови во кино, бидејќи токму тоа му овозможува на филмот да продолжи да живее“, изјави Уршка Ѓукиќ – Режисер на филмот  „Мали проблематични девојки“.

За филм со најдобра музика, специјално споменат и како филм со најдобра приказна според младите студенти кои учествуваа на Работилницата на фестивалот беше италијанскиот  „Било каде, било кога“ од режисерот Милад Тангшир. 

„Преку езерото“ додели и два гранта на Исток Чаповски и Розе Симоновска со чија помош ќе можат да си ги снимаат своите дебитантски филмови до следното издание на преку езерото кога ќе имаат и своја премиера“. 

Филмскиот фестивал на балканскиот и медитеранскиот филм оваа година по четврти пат се одржа на брегот на Дојранското езеро.  Амбицијата на организаторите е секоја година „Преку езерото“ да расте и да се етаблира на мапата на културни настани во Македонија како еден од најважните летни фестивали.