Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Македонското еколошко друштво ќе стипендира матуранти, идни студенти, од Преспа

Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) ќе доделува стипендии до 400 евра месечно за матурантите од Преспа, кои ќе запишат универзитетски студии по екологија, биологија, шумарски или земјоделски науки.

Од МЕД информираат дека програмата е наменета за средношколците од Преспа и има цел да го надмине локалниот недостиг од кадар во природните науки поврзани со заштитата на природата и животната средина. 

Со реализација на програмата идните студенти ќе може да стекнат знаење и вештини што ќе им овозможат активно да придонесат кон зајакнување на локалните капацитети за заштита и зачувување на природата и биолошката разновидност во Преспанскиот Регион. Покрај финансиската поддршка што ќе ја добијат избраните студенти, Македонското еколошко друштво исто така ќе ги вклучи во својата менторска програма преку која ќе стекнат практично и теренско искуство во истражувањето и заштитата на видовите и живеалиштата во Преспа.

Реклама

Програма за стипендирање се реализира во рамките на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамките на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ).