Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Македонско-црногорска соработка за модерна администрација: Состанок на делегациите во Подгорица

По официјалното потпишување на Меморандумот за соработка, делегациите на Министерството за јавна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По официјалното потпишување на Меморандумот за соработка, делегациите на Министерството за јавна администрација на Македонија и Министерството за јавна администрација на Црна Гора одржаа работен состанок во Подгорица.

На состанокот беше нагласено цврстото пријателство, како и силните политички и дипломатски односи меѓу двете земји, со заедничка заложба за унапредување на регионалната соработка и европската перспектива на целиот Западен Балкан.

Министрите и членовите на двете делегации имаа можност да ги презентираат клучните цели на потпишаниот Меморандум, особено во контекст на реформата на јавната администрација, транспарентноста и професионализацијата на службите.

Реклама

Во рамки на состанокот беа разменети мислења за заедничките предизвици и можностите во областа на јавната администрација, каде што и двете страни се согласија дека преку зајакната билатерална соработка можат поефикасно да одговорат на очекувањата на граѓаните и да ги забрзаат реформските процеси.

Дополнително беше истакната подготвеноста за продлабочување на соработката преку планирање и имплементација на заеднички активности, како и преку размена на експертски искуства и заедничко аплицирање за поддршка од меѓународни и европски фондови.

Овој работен состанок претставува нов импулс во градењето на стабилни, современи и ефикасни јавни администрации кои ќе бидат во функција на граѓаните и интеграцијата во Европската Унија.